Куманово и Гњилане ќе ги модернизираат пазарите

Од:

Со грант од ЕУ вреден 324.766 евра, Куманово и Гњилане ќе ги модернизираат пазарите.

Градоначалниците на општините, Максим Димитриевски и Љутфи Xазири, денеска во Куманово го потпишаа проектот во присуство на администрацијата и надлежните на јавните претпријатија одговорни за пазарите. Преку проектот се очекува да се модернизира пазарот во Куманово, второто и третото ниво, а ќе се изврши и реконструкција на кровот, да се подобрат локациите за продажба, како и да се брендираат одредени производи.

– Ова е почеток, нема да застанеме тука. Граѓаните на двете општини ќе имаат бенефит од овој проект, бидејќи пазарите ќе се модернизираат, изјави Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане