Куманово доби дигитален проектор за прикажување филмови

Од:

Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово доби дигитален проектор за прикажување филмови. Современата опрема Центарот ја доби од Филмскиот фонд преку Министерството за култура.

– Опремата е мошне софистицирана. Се работи за современ проектор и модерна 3Д опрема која ќе се користи за прикажување филмови, изјави директорот на Центарот за култура Роберт Павлевски.
Опремата е доделена на времено користење по аплицирањето на кумановскиот Центар за култура до Филмскиот фонд. Опремата е поставена во големата сала која има капацитет од 660 седишта. Од март годинава, според најавите на надлежните, опремата ќе се користи за прикажување филмови. Кумановци ќе имаат можност да проследат по најмалку два филма месечно.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане