Во полициска станица на подрачјето на СВР Куманово денеска бил извршен службен разговор со Н.В.(47) од кумановско.
Тој е посочен од страна на 49-годишна жена, според која на 21.9.2023 во Куманово се обидел да изврши обљуба врз неа.
По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.