Татко на портпарол од партија во власта допирал по телото 16-годишно момче

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 58-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете родено 2008 година, соопшти обвинителството. Станува збор за татко на портпарол на албанска политичка партија од владејачкото мнозинство.

„Во раните утрински часови денеска, осомничениот во парк во една населба го сретнал малолетникот со кого претходно се познавале и го повикал да разговараат, по што започнал да го допира. Малолетникот успеал да се извлече и го пријавил во полиција“, велат од Јавното обвинителство.

Со цел обезбедување на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител доставил предлог за определување мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска за јавување кај надлежен државен орган, одземање на патна и друга исправа за преминувањe на државната граница и забрана за воспоставување контакт со оштетениот.

Судијата на претходна постапка попладнево ги прифатил предложените мерки.

 

Би можело да ве интересира

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

МВР: Возач на ЈСП истепал малолетник

ОЈО започна истрага за малолетник кој предизвика пожар во Кисела Вода

„Шокиран сум“: Портпаролот на Вреди ги замрзнува политичките ангажмани по објавата дека неговиот татко допирал малолетник

A1on

Малолетник заврши во болница, врз него паднал рефлектор

Горан Наумовски

Малолетник од Петровец се скарал со најблиските и избегал, по него трага полицијата