А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кукан: Македонија одамна требаше да ги почне преговорите за влез во ЕУ

by А1он24/09/2013 - 15:5425/09/2013 - 09:3990
Share0

Европратеникот Едуард Кукан денеска изјави дека Македонија одамна требаше да го почне процесот на преговори за влез во Европската унија и оти се надева дека Извештајот за напредокот на земјата оваа година ќе ја содржи истата препорака.

Добивај вести на вибер

– Мислам дека тоа требаше да се случи одамна, но не е фер комисијата четири последователни години да дава препораки кои се целосно поддржани од Европскиот парламент. Ние ќе ја усвоиме истата резолуција оваа година. Во Советот, кој ги донесува финалните одлуки, за жал, не не слушаат нас. Тие секогаш одлуката ја одлагаат за шест месеци. Јас искрено се надевам дека Извештајот оваа година ќе ја содржи истата препорака, а Парламентот секогаш го поддржува процесот на проширување и се надевам дека оваа година ќе остане на истиот став, изјави Кукан.

Смета дека Европската комисија објективно ќе ја оцени ситуацијата во Македонија, но го оценува како навистина извонредно тоа што Владата успеала да ја одржи поддршката на јавноста за членство во Унијата, имајќи предвид дека земјата повеќе години е кандидат за влез во ЕУ.

– Многу е значајно што Владата на Република Македонија успеа да ја одржи јавната поддршка за влез во Европската унија. Македонија повеќе години е земја кандидат и да ја одржиш надежта на народот, на јавноста дека европскиот филтер е добар за земјата е навистина извонредно и треба да биде поздравено, рече Кукан, кој исто така е претседавач на Делегацијата со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија.

Европратеникот беше еден од говорниците на парламентарниот семинар што вчера и денеска се одржа во македонското Собрание.

imeto

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска05/05/2023 - 15:1705/05/2023 - 15:20

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска03/11/2021 - 12:22

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска09/02/2020 - 13:0809/02/2020 - 13:36

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски30/01/2020 - 18:5731/01/2020 - 08:41

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска24/12/2019 - 12:5324/12/2019 - 14:38

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска11/12/2019 - 13:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен