Кучиња испокасаа девојче во Охрид

Од:

Девојче од Охрид нападнато од кучиња кои ја искасале на двете раце во Охрид. Додека таа играла до другарите, им се приближиле две улични кучиња, од кои едното го нападнало девојчето. Кога била нападната интервенирал возрасен маж за да го оттргне кучето. Инцидентот се случил во близина на Општата Болница. Девојчето било на преглед кај дежурен доктор, каде и се санирани повредите со кои се здобила од нападот, а потоа и е направена и преврска.

Проблемот со глутница на кучиња скитници се провлекува низ годините, а локалната власт не превзема ништо. Граѓаните постојано се жалат, бидејќи иако изгледаат безопасно, има многу случаи каде тие нападнале минувачи. Општина Охрид неодамна се пофали дека го изгради стационарот за кучиња скитници, но кучињата се сеуште на улиците.

Според охриѓани, кучињата скитници се лоша слика за туристите кои го посетуваат во градот. Тие велат дека кучињата се насекаде во градот, трчаат во чопори од десеина кучиња, од пристаништето до плоштадот Чинар.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски