Кучето Ела, чиј сопственик ја напушти трудна и беше казнет со 500 евра, се вдоми во Англија

Од:

Кучето Ела, чиј поранешен сопственик од Скопје ја напушти трудна и ја доби првата казна од 500 евра за напуштање миленик, денеска пристигна во Англија кај нејзиното ново семејство. На социјалните мрежи беа објавени првите фотографии од Ела и нејзиниот нов сопственик. 

„Тој ќе ја сака неизмерно и ќе направи се да заборави на сите работи што ѝ ги приреди нејзиниот поранешен сопственик. Среќно, Ела!“, напишаа од Здружението „Анима Мунди“. 

Ела со новиот сопственик во Англија

За првпат во земјава, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неодамна со петстотини евра казни сопственик за напуштање на својот миленик, по поднесена претставка од невладина организација за заштита на животните. Активистите ја нашле кучката напуштена со нејзините три мали кутриња, а се претпоставува дека таа била напуштена кога останала трудна.

„Лицето пред инспекциските служби на АХВ потврдило дека бил сопственик на кучето кое не било  микрочипирано, а за кое тврдел дека подолго време е изгубено, зашто немал поднесено пријава“, соопштија од АХВ.

Ела кога беше пронајдена напуштена, со трите кутриња

Неодговорните сопственици, но и нефункционирањето на стационарот за бездомни животни во моментов се најголеми „виновници“ за моменталната бројка на бездомни кучиња по улиците.

Од Aгенцијата за храна и ветеринарство до сопствениците на домашни миленици апелираат до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците, за во случај да се изгубат, полесно да бидат лоцирани нивните сопственици, а со тоа да не доаѓа до нивно размножување.

Би можело да ве интересира

Уништена е над еден тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

А1он

АХВ апелира до сопствениците: Чипирањето на кучињата e законски задолжително

Горан Наумовски

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

Кучиња со маркички од Албанија во Скопје – се алармира на организирано носење глутници во главниот град