КТИС ги повика кумановци да користат оригинали производи

Од:

На Градскиот плоштад во Куманово денес членови на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост, поставија инфо-штанд на кој граѓаните имаа можност да се информираат за различни фалсификувани производи.

-На овој начин тргнавме низ Македонија, да се бориме против фалсификатите. Сметаме дека е потребно да се подигне свеста кај народот, бидејќи навистина се големи загубите по националните економии, во делот на неплаќање даноци, а средставата може да се користат и во различни девијации-изјави претседателот на КТИС, Мите Костов.

Тој додаде дека со нивните активности сакаат да покажат дека фалсификатите може да предизвикаат големи загуби кај човекот.

-Се се прави со цел да се подигне свеста кај граѓаните да користат оригинали и да бидат здрави. Веќе можеме да кажеме дека сме лидери во регионот во делот на заштита на интелектуалната сопственост-додаде Костов.

1388517_10202233082854426_1628591294_nКТИС денес во Куманово посетија десет правни субјекти, како здравствени ординации, адвокати и геодези и кај сите забележаа леагални софтвери. Само кај две од четири приватни субјекти, се регистрирани повреди на индустриска сопственост. Од нив се одземени познати брендови, а против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Претседателот на Координативното тело за заштита на интелектуална сопственост ги повика граѓаните во иднина сами да пријавуваат вакви злоупотреби.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски