КСС и ССМ обвинуваат дека министерката за труд го прекршила Деловникот за работа на ЕСС

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагираа дека министерката за труд и социјална политика го прекршила Деловникот за работа на Економско – социјалниот совет бидејќи на денешниот состанок биле поканети и синдикати кои не се членови на Советот.

– Остро реагираме на ваквата постапка на министерката Царовска која при наше укажување се стави над законот, над Деловникот и се обиде да подметне и усвои дневен ред за кој ниту сме известени, ниту пак претходно имаме добиено соодветни материјали за дел од дневниот ред во кој што се менува Деловникот, изјави Благоја Рапловски, претседател на КСС.

Претседателот на ССМ, Живко Митревски рече дека станува збор за селективен пристап со кој се обесправени сите останати синдикати кои не биле поканети на седницата.

– Нарушувањето на преговарачкиот систем и нарушувањето на системот на репрезентативност може да предизвика хаос во Република Македонија и нарушување во делот на преговарачките позиции на колективните договорања, истакна Митревски.

Во однос на продолжувањето на колективниот договор за приватниот сектор, Митревски рече дека работниците не треба да се грижат и оти договорот ќе биде продолжен со што ќе ги добијат сите надоместоци вклучително и регресот за годишен одмор.

Би можело да ве интересира

ССМ ја објави потрошувачката кошничка: 62.691,00 денари биле потребни во април за четиричлено семејство

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Трендафилов: Владата во овој момент не е против зголемувањето на минималната плата

Горан Наумовски

Доколку не се зголеми минималната плата, ССМ најавува генерален штрајк

Горан Наумовски

Трендафилов: Да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување

Горан Наумовски

Дали ви личи дека ми е гајле што мислите за мене, лидерот на ССМ со порака до власта

Катерина Ѓуровски