Во првата од двете традиционални крводарителски акции што се организираат под мотото „Аполонија-Ден на кводарувањето“, денеска во Гевгелија беа собрани 32 единици крв.
Акцијата ја реализираа фондацијата „Аполонија“ од Гевгелија и општинската организација на Црвениот крст, а беше спроведена од стручни екипи на Републичкиот институт за транцфузиска медицина од Скопје и соодветната служба при општата болница во Гевгелија.
Од гевгелискиот Црвен крст велат дека на половина од вториот квартал на годината веќе се доближуваат до бројката од собрани 300 единици крв.