• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Круемади: Изгласувањето на уставните измени придонес за мирот во регионот

by А1он12/01/2019 - 09:36300
Share0

Лидерката на третата по големина албанска политичка партија, Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент, оценувајќи го тој чин како придонес за зајакнувањето на мирот и безбедноста во регионот.

Добивај вести на вибер

– Го поздравувам резултатот од гласањето во Парламентот на соседна Македонија за името, според Преспанскиот договор. Ова е позитивен развој кој го отвора патот на земјата за членство во НАТО и во ЕУ. Директен придонес во зајакнувањето на мирот, безбедноста и соработката во регионот. Ја поздравувам и ја ценам многу позитивната улога на албанскиот фактор во овој историски развој, напиша Круемади на Твитер.

Усвојувањето на уставните измени ги поздрави шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати, кој меѓу друго, оцени дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.

И лидерот на најголемата албанска политичка сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, го поздрави усвојувањето на уставните измени од страна на македонскиот Парламент и оцени дека овој чин на висока политичка одговорност е историски чекор за консолидирање на регионот.

– Најдобри желби за Северна Македонија.Северна Македонија сега во НАТО и многу поблиску до Европската унија и Западот. Ова е големо достигнување, надминување на тешкотиите и големи пречки, создадени од внатре и надвор од земјата, од оние кои сакаа да ја втурнат кон Истокот, оцени поранешниот шеф на албанската дипломатија, Тритан Шеху.

albanijakruemadiustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он08/01/2026 - 17:35

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски22/12/2025 - 14:3122/12/2025 - 14:32

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 14:2918/12/2025 - 14:32

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Горан Наумовски05/12/2025 - 09:06

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Горан Наумовски24/11/2025 - 19:05

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Катерина Ѓуровски17/11/2025 - 08:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен