Кризниот штаб во Битола бара построга контрола на групирањето на граѓаните

Од:

Дел од општинскиот кризен штаб, денес преку електронски пат, одржа седница со цел да се увиди моменталната состојба со КОВИД-19 на територијата на Општина Битола.

Директорките на здравствените установи потенцираа дека бројот на лица позитивни на вирусот постојано расте, а се шири и меѓу здравствените работници. Медицинскиот персонал е веќе на работ на можностите, а и меѓу нив се зголемува бројот на лица кои се во изолација и не можат да дадат придонес на работните места.

Се дискутираше и за можноста да се дадат одредени насоки за поголема поддршка и побрза реакција во периодот кој што следува.
Општинскиот кризен штаб како заклучок наведе дека ќе испрати барање до Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство, да се даде препорака до Владата за воведување построги рестриктивни мерки во работењето на субјектите, во кои што има поголема фреквенција на движење и престој на граѓани.

Би можело да ве интересира

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

28-годишник од Битола крвнички ја уби својата баба, се истражува дали осомничениот е психички болен