Кризна состојба во Делчево и во Крива Паланка: Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините за справување со последиците од поплавите

Од:

Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите, одлучи Владата на денешната седница.

-Владата со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со последиците од поплавите, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Целта е, како што е посочено во соопштението, јавните државни претпријатија, пред сѐ Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионалните патишта да се вклучат со помош на општините во мерките и активностите за санација на последиците од поплавите

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски