Кризна состојба на границата поради зголемен транзит на мигранти

Од:

Владата на денешната седница донесе одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на државата.

Постоењето на кризната состојба утврдена со оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на нејзиното влегување во сила, односно од 2 јули, а со тоа се активира и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кој ќе биде во постојано заседавање.

„Со оваа одлука Владата го задолжи Главниот штаб при Центарот за управување со кризи да изготви акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите низ територијата на Република Северна Македонија, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално – технички ресурси и план за координирано дејствување, а органите на државната управа да преземат мерки и активности согласно прописите за управување со кризи,“ соопшти владиниот сектор за односи со јавност.

На предлог на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Владата денеска ја разгледала и усвоила Информацијата во врска со Предлог – национален план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства (жени и деца), и дала согласност на Националниот план.

Би можело да ве интересира

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Резолуцијата за мигранти е противуставна, забрана на говор како во Третиот Рајх

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски