Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се изјасни дали ќе ја прифати или отфрли кривичната пријава против Зоран Заев, на јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинетите во случајот „Пуч“.
Адвокатите ќе бараат судот да го отфрли обвинението против лидерот на СДСМ и случајот да заврши без судење, бидејќи сметаат дека нема кривично дело.
Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев, а обвинети се и екс разузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, соработник на Заев во општина Струмица и вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа, неовластено снимање, како и насилство спрема највисоки државни органи.