Кривични пријави за крадци од Гостивар, расчистени осум кражби

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расчисти осум кражби и тешки кражби и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривични пријави против 26-годишниот Е.А., 30-годишниот И. Ф. и малолетник, сите од гостиварски Добридол и против 40-годишниот Л.С. и 36-годишниот С.И. од гостиварско Форино, согласно членовите 235 и 236 од Кривичниот законик, извести МВР.

– Првите тројца пријавени од Добридол се сомничат дека во текот на овој месец во неколку наврати противправно одзеле добиток од штала во гостиварско Сенокосе и го продале на други лица, а двајцата форинци дека во март годинава извршиле тешки кражби во маркети во Гостивар, соопшти МВР.

Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале петмината осомничени се проценува на 244 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари