Кривични пријави за четворица скопјани кои извршиле тешки кражби

Од:

СВР Скопје, по преземени мерки и активности во два одделни случаја, расчисти вкупно 52 кривични дела од кои 47 се тешки кражби и пет кражби. До надлежното Основно јавно обвинителство кривично се пријавени С.Љ. (22), А.С. (21), Т.И. (32) и Е.С. (23), сите од Скопје.

Во првиот случај, според документираните сознанија од истрагата, е констатирано дека С.Љ., А.С. и Т.И. од декември минатата година до март 2013 извршеиле вкупно 28 кривични дела од кои 18 тешки кражби во подрум, шест тешки кражби во куќа, две тешки кражби во патничко моторно возило, една тешка кражба во магацин и кражба во викендица, сите извршени на подрачјата на населбите Центар, Карпош, Чаир и Гази Баба. При обавениот службен разговор со приведените тие во целост ги признале и ги појасниле извршувањата на кривичните дела.

Тешките кражби ги вршеле на тој начин што откако ќе виделе дека нема никој да ги забележи со помош на тврд погоден предмет (клешта и штрафцигер) ги отворале влезните врати од куќите, подрумите, викендицата , магацинот и возилата за потоа да крадат музички систем, телевизор, ПВЦ прозори, плински боци, разновиден алат и други предмети, кабли, струјомери, пијалоци, храна. Предметите потоа ги продавале на повеќе луѓе (случајни минувачи) од Шуто Оризари, на пазарот под Кале, на диво отворениот отпад на ул. „Клисурска“ сопственост на лицето Е.Б., на пазарот во Шуто Оризари, за цени многу пониски од куповните, а парите ги користеле за свои потреби и за купување наркотични средства.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски