Кривични пријави за четворица скопјани за криумчарење мигранти

Од:

При полициска контрола на возила на 27 февруари, во реонот на месноста „Табановска река“, во атар на селото Киселица, кумановско, во четири патнички возила управувани од Џ.М. (18), Ф.И. (28), Ф.С. (27) и Е.С. (25), сите од Скопје, беа затекнати 12 странски државјани, без документи за идентификација.

Како што соопшти МВР, од странците шестмина се државјани на Брегот на Слоновата Коска, тројца на Мароко, двајца на Мали и еден на Фарските Острови.

Регионалниот центар за граница „Север“ по документирање на случајот против четворицата скопјани поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а истражен судија им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена. Странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци – Скопје.

Исто така, минатата недела при контрола на возило од страна на припадници на БПСА-Петровец на автопатот Скопје – Куманово, кај клучка „Хиподром“, во возило „форд“ со скопски регистарски таблички управувано од З.З.(55) од Скопје, откриени се тројца странски државјани од Бангладеш (според нивно кажување) без идентификациски документи.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он