Кривични пријави за битолчани кои го оштетиле локалитетот „Велушка Тумба“

Од:

СВР Битола поднесе кривични пријави против К.В. (42) и К.Т.К. (46), двајцата од битолското село Породин, поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело „оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

– Пријавените во 2014 година при вршење земјоделски работи на нива, оштетиле археолошко наоѓалиште – локалитет „Велушка Тумба“ во атарот на Породин кое се наоѓа во средината на обработливо земјиште околу кое има заштитен појас. Земјиштето им било дадено на користење од страна на ЗК „Пелагонија“. Знаеле дека на него има локалитет, но не и кои се точните негови граници бидејќи не било обележано, соопшти Магдалена Димитровска, советник за односи со јавност во СВР-Битола.

Од СВР-Битола потврдија дека кривични пријави се поднесени и против К.Т. (64) од Битола, Т.Н. (31) од село Живојно општина Новаци и З.Л.(44) од село Ивањевци, општина Могила, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и се обиделе да сторат кривично дело „изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

– Пријавените, во точно неутврден временски период, на непознат начин прибавиле два предмети кои претставуваат редок примерок со особено културно значење за Република Македонија, односно женска фигура и глава која е составен дел на истата фигура, изработени од мермер и истите ги задржале во свое владение, притоа не пријавувајќи ги на надлежните државни институции. Во периодот од месец септември до 6-ти октомври пријавените се обиделе да ги изнесат претходно набавените предмети преку државната  граница со Република Грција и да ги продадат на  непознато лице. Со вака превземените дејствија пријавените предизвикале штета на интересите на Република Македонија за зачувување и заштита на културното и историско наследство.

Би можело да ве интересира

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

“Кориолан“ на Битолски театар на магичната сцена на Бутринт, Албанија награден со стоечки овации