Кривична за заканувачот на градоначалникот на Куманово

Од:

Кривична пријава за закани кон градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и неговиот син денеска заработи 34 годишен кумановец.

Како што соопшти МВР, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против Д.С. за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 22 септември 2018 година, пријавениот во два наврати испратил СМС пораки на градоначалникот на Куманово во кои упатил закани кон него и неговиот син.

По преземени мерки, Д.С. е лишен од слобода и му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка. Полицијата утврдила дека Д.С. е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“. Тој вчера скршил излог на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улиците „Илинденска„ и „Тоде Мендол“.

Би можело да ве интересира

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе