Кривична за возачот кој усмрти жена во Прилеп и избега

Од:

Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.П. од село Славеј, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик, извести МВР.

– На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото. Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото, додава МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски