Кривична за Тодор Петров, на протестите во неделата биле прекршени мерките за заштита од корона

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес. Пријавата е поради тоа што како организатор на протестите кои се случија во неделата, не биле почитувани марките за заштита од коронавирус.

Неофицијално, ова е поради неносењето на маски и групирањето, што е спротивно на одлуките донесени од Владата за спречување на ширење на заразата.

„СВР Скопје денеска (27.04.2021) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021  организирал протест пред објектите на Влада и Собрание на РСМ и не се почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести“, велат од МВР.

„А1он“ се обиде да стапи во контакт со Петров за став околу кривичната пријава, но тој не одговори на повиците.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април