А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична за прилепчанец кој со пријавување лажен стечај ја оштетил УЈП

by А1он28/10/2017 - 12:26150
Share0

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Б.С. (53) од Прилеп осомничен за кривично дело „лажен стечај“.

Добивај вести на вибер

Пријавениот како основач и сопственик на правниот субјект „Ридарец фуд“ ДООЕЛ Прилеп, со намера да ја избегне обврската за плаќање кон Управата за јавни приходи, по основ прекршочен налог во висина од 153.750 денари, како и обврската за радиодифузна такса од 1.570 денари, на 31 октомври 2014 година преку управителот С.М. поднел предлог за спроведување стечајна постапка за правниот субјект пред Основен суд Прилеп.

Како причина било наведено дека во услови на голема конкуренција правното лице не работи и не остварува никакви приходи за да може да ги покрива трошоците во работењето.

– Тоа не било точно, бидејќи единствената сметка што ја имал правниот субјект во една банка никогаш не била блокирана. За да ја избегне обврската за плаќање кон Управата за јавни приходи, пријавениот на 24 ноември 2014 година од сметката на правното лице повлекол 234.000 денари по основ трошоци, за кои немал економска оправданост, ниту соодветна книговодствена евиденција, соопшти МВР.

Исто така, на 30 октомври 2014 година од пријавениот било основано ново правно лице „Фурна Ридарец“ ДООЕЛ Прилеп со иста дејност и со исто седиште како и правното лице Ридарец фуд ДООЕЛ Прилеп. Со дејствијата што ги презел пријавениот предизвикал штета кон Управата за јавни приходи во висина од 155.750 денари.

prilepujp

Би можело да ве интересира

УЈП: Почна исплатата на „Мој ДДВ“ за четвртото тримесечје од 2025 година

Горан Наумовски03/02/2026 - 14:56

УЈП: Нулта толеранција за корупција, пресумпција на невиност за сите постапки

А1он17/01/2026 - 13:00

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:15

Деветмина осомничени „заработија“ мерки на претпазливост по акцијата поврзана со УЈП

Горан Наумовски16/01/2026 - 11:3316/01/2026 - 11:34

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Стартува пилот фазата за проектот е-фактура

Катерина Ѓуровски01/01/2026 - 09:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен