Кривична против маж од Тетово за „лихварство“, „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“

Од:

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 35-годишниот Ф.Т. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“, „изнуда“ и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.

– Имено, во ноември 2020 година, при давање парични средства на заем, пријавениот од лице од с.Градец како гаранција одзел неколку возила во вредност од околу 70-80.000 евра. Со тек на време должничкиот износ со камати достигнал износ од околу 200.000 евра, а лицето се договорило со пријавениот долгот да се исплаќа на рати. Откако биле вратени 80.000 евра и лицето задоцнил со исплата на ратата, пријавениот во повеќе наврати со јавување и испраќање пораки упатил закани по животот на Х.В. и неговиот син, барајќи да му исплатат 750.000 евра, а се обидел да го принуди да му ја префрли неговата фабрика, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари