Кривична пријава за вработен во Агенцијата за катастар на недвижности

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Н. (57) вработен во Агенцијата за катастар на недвижности, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „измама“.

Пријавениот како вработен во Агенцијата за катастар на недвижности на работно место самостоен референт за геодетско-катастарски работи, а кој врши работи како шалтерски работник, со намера за себе да прибави противправна имотна корист во текот на 2012 година со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје кое го оштетил за вкупна сума од 300 евра.

Како што информираат од МВР во текот на мај минатата година оштетениот отишол во Агенцијата за катастар на недвижности со цел да ја регулира сопственоста на имотот на неговиот дедо, при што пријавениот на шалтерот за информации му кажал дека документацијата е со стар датум и дека истиот може да му помогне да му извади нови документи и околу изготвувањето на геодетски елаборат, да му ја заврши целата работа до добивање на имотен лист, а сето тоа заедно со негов пријател Д.Е.

По неколку дена, по претходно остварен телефонски контакт, кај оштетениот дома дошло лице кое се претставило како Д.Е. кое од него побарал вкупно 300 евра за работата да биде средена до добивање на имотен лист. Оштетениот на истото се согласил сметајќи дека тоа е регуларна цена која се наплаќа во Агенцијата за катастар на недвижности, при што тогаш на истото лице му дал 100 евра. После две недели на оштетениот повторно му се јавило лицето Д.Е. и на договорена средба на оштетениот му бил предаден геодетскиот елаборат и му биле побарани уште 100 евра и 2.250 денари, а исто така и му било кажано дека кога ќе оди во Агенцијата за катастар на недвижности на пријавениот ќе треба да му даде уште 2.000 денари. Откако оштетениот повторно отишол во катастарот со добиената документација и на пријавениот му дал уште 2.000 денари, од шалтерот за информации му било кажано дека има проблем околу идентитетот на неговиот дедо и дека документацијата му е застарена при што му е издадена потврда за одбивање на пријавата за запишување на правата на недвижностите.

Потоа оштетениот пробал телефонски да го побара пријавениот по што истиот му рекол повеќе да не му се јавува. По тој разговор, како што е наведено во соопштението од МВР, оштетениот сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во Агенцијата за катастарот на недвижности на РМ и во СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал.

Од СВР Скопје извршен е разговор со пријавениот кој во целост го потврдил случајот, додека со лицето Д.Е. поради немање на целосни генералии не е извршен службен разговор.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он