Кривична пријава за скопјанец за незаконско поседување пиштол

Од:

Секторот за внатрешни работи од Скопје – Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против 27 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, соопшти денеска МВР, било сопрено моторно возило управувано од осомничениот. По извршениот преглед, под седиштето на возилото биле пронајдени пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција.

– Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што бил пронајден еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми непознати марка и калибар, за кои таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во село Зовиќ пронајдена граната од Првата светска војна

Ана Ололовска

ЈО поднесе обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Ана Ололовска

Притвор и истражна постапка за пиштолџијата од скопско Бојане

Ана Ололовска

Со „кавасаки“ удрил во полицаец во скопски Хиподром

Ана Ололовска

Македонски планинар загина на Олимп

Ана Ололовска

Агенција за обезбедување ќе ги чува најкритичните здравствени установи

Ана Ололовска