Кривична пријава за скопјанец за измама и фалсификување пари

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл.247 ст.1 и „фалсификување пари” по чл.268 ст.1 од Кривичниот законик. Пријавениот набавил 17 фалсификувани банкноти во апоени од 100 евра и во периодот од 31.03.2021 до 07.09.2021, во четири наврати, кај четири различни физички лица, лажните банкноти ги пуштил во оптек, информира МВР.

– Тој стапувал во контакт со оштетените лица, кои на електронските портали за купопродажба ги објавиле за продажба своите телефони, договарајќи средба за купопродажба на огласените телефони, при што им плаќал во готово со фалсификуваните банкноти. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 104.880 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари