А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија

by А1он23/04/2019 - 16:19489
Share0

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Добивај вести на вибер

Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, соопшти денеска МВР, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси.

– Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице, се појаснува во соопштението.

Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на ИП адресата и по претходно обезбедена судска наредба за претрес на дом издадена од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот. При претресот е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а се запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

mvrpornografija

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто