А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој продавал хероин

by А1он20/11/2014 - 13:0789
Share0

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава против 39-годишниот скопјанец А.А. поради основано сомневање дека сторил кривично дело  – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори“. Судија на пријавениот му одреди мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Добивај вести на вибер

Настанот се случил во попладневните часови минатата недела, односно на 14  ноември на ул. „Топанска“ каде А.А. неовластено набавил и држел кај себе наркотична дрога хероин со намера да ја препакува во помали полиетиленски паковки и да ја пушти во  продажба.

Пријавениот по претходен телефонски договор во близина на црква во населбата Скопје-Север се сретнал со непознато  лице и за сума од 3.500 денари купил 5,71 грама наркотична дрога хероин спакувана во две полиетиленски паковки која ја држел кај себе.

Од страна на полициски службеници од единицата Алфа при контрола и преглед на возило „Фиат Пунто“ кај пријавениот се најдени три паковки со наркотична дрога – хероин. Тој е лишен од слобода, приведен во полициска станица каде во службен разговор го појаснил начинот на сторување на кривичното дело.

Пријавениот е познат сторител на кривични дела за што во периодот од 2000 до 2012 год. поднесени му се четири кривични пријави  во врска со неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, 10 пријави за тешка кражба и кражба како и една пријава за фалсификување исправа.

mvr

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 12:03

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 16:0108/03/2026 - 16:04

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски08/03/2026 - 12:0708/03/2026 - 12:23

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ07/03/2026 - 16:0807/03/2026 - 16:10

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен