Кривична пријава за скопјанец кој користел лажни платежни картички

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривична пријава против Д.А. (20) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка”.

Тој во текот на септември 2012 година нелегално прибавил банкарски податоци од вистински странски платежни картички со кои извршил нелегална трансакција на македонска интернет страна која нуди онлајн продажба. Купил компјутерска опрема со што се стекнал со против правна имотна корист од 29.980 денари.

Полицијата информира дека од страна на домашна банка поднесена е пријава за покренување на истрага за трансакција направена со странска „Виза” картичка, пријавена како фалсификувана. Според анализата на пријавата направена е една успешна трансакција со една фалсификувана платежна картичка во износ од 29.980 денари на 3 септември 2012 година при што бил купен таблет компјутер.

Извршен е претрес во домот на Д.А. при што е одземена компјутерската опрема, а при извршената форензичка анализа пронајдени се голем број броеви од платежни картички, како и целосни податоци за сопствениците на картичките.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он