А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

by А1он16/05/2018 - 12:53165
Share0

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство во градот поднесе кривична пријава против В.С. (51) поранешен градоначалник на општина Василево и В.М.(51) од Струмица.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, првопријавениот како градоначалник, искористувајки ја својата службена положба со пречекорување на границите на своето овластување, постапил спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти на штета на буџетот на општина Василево.

Според Рендевска, В.С. извршил нелегална легализација, односно пренос на правото за легализација на објект на Ветеринарна станица Струмица изграден во 1959 година во село Василево. За него општината поднела барање за легализација без никаков правен однос и истото право го пренесува на второпријавеното правно лице со цел стекнување на одредена корист.

– На тој начин му овозможил на второпријавеното правно лице да се стекне со противправна имотна корист и во текот на 2015 година да изврши легализација на објект за кој поднел барање за легализација од 2011 година, а третопријавениот како управител на правното лице, подоцна, со договор за купопродажба го продаде на политичка партија, рече портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Полицијата ги сомничи пријавените дека ги сториле кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“, а правното лице и одговорното лице во правното лице сториле кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“.

mvrvasilevo

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски07/04/2026 - 09:4507/04/2026 - 13:21

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он30/03/2026 - 15:2230/03/2026 - 15:49

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он28/03/2026 - 20:2528/03/2026 - 20:10

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он28/03/2026 - 15:50

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто