Кривична пријава за инспектор во СВР Битола за „примање поткуп“

Од:

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Сектор за корупција до Основното јавно обвинителство- Битола ќе поднесе кривична пријава против лицето Н.Ц.(51) од Битола, за сторено кривично дело „примање поткуп“, вработен во МВР-СВР Битола, како самостоен инспектор во Отсек за економски криминалитет.

Пријавениот во својство на службено лице, со цел за себе да прибави противправна имотна корист, почнувајќи од 17-ти овој месец, во повеќе наврати барал, а вчера примил парична награда-поткуп од оштетен граѓанин во износ од 36.000 денари.

Во рамки на своите службени овластувања, соопшти денеска МВР, пријавениот постапувал по предмет барање од Основното јавно обвинителство Битола и по истиот не превзел дејствија кои бил должен да ги преземе, односно истиот не изготвил соодветен службен материјал во којшто ќе бидат содржани вистинските факти и докази барани од ОЈО Битола.

Пријавениот ветил дека за погорепосочениот паричен надомест ќе изготви службен материјал кој ќе нема правни последици за оштетениот со што го сторил кривичното дело  „Примање поткуп“.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена