Кривична пријава за двајца кичевци за бесправна сеча на дрва

Од:

Со бесправна сеча на дрва 33 годишно лице од кичевско Жубрино и 32 годишно лице од Кичево се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево им поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва.

– Во периодот од јули 2019 година до 05.08.2019 година на подрачје на Кичево пријавените извршиле бесправна сеча на 77 метри кубни дабови дрва, со што се стекнале со противправна имотна корист од 539.000 денари, се наведува во редовниот Билтен на Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега