Кривичнa пријавa за двајца измамници

Од:

Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против 35-годишниот Б.А. од Скопје и 22-годишниот Р.З. од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сториле седум кривични дела „измама“. Двајцата се сомничат дека самостојно или заедно, во периодот од февруари до мај годинава измамиле седум лица од Тетово, тетовските села Мала Речица, Желино, Долно Палчиште, Пирок, Шипковица и скопско Бојане, извести МВР.

– Во овој период, најчесто телефонски Б.А. им се јавувал на оштетените и им нарачувал мебел, им продавал старо железо, им нудел занаетчиски услуги, барал од нив да купи технички производи, барал пари за лекување на болни лица и друго, соопшти МВР.

Првопријавениот, потоа го ангажирал Р.З. да ја преземе наплатата на паричните средства, исто така, пласирајќи им на оштетените различни приказни.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари