Кривична пријава за дадилката што малтретираше бебе

Од:

Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Т.С.(61) поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од КЗ на РМ.

Како што информира МВР, пријавената во периодот од мај до 1 септември годинава додека била ангажирана како негователка задолжена за грижа за животот, здравјето и негувањето на 9-месечно дете од Скопје го малтретирала и грубо се однесувала од што пројавило проблеми со врискање во ноќните часови, невеселост и нервоза.

– На 20 август таткото на 9 месечното дете ненајавено влегол во домот и ја забележал Т.С. како со рака по лицето го удира, но не изреагирал, сметајќи дека можеби се работи за негов превид. Наредните денови поставил видео камера во својот дом со цел да го заштити своето дете и да утврди како за него се грижи пријавената, при што на 2 септември ја извадил видео снимката и забележал како го малтретира и тепа детето, грубо се однесува кон него, со викање, навредување, штипење за рацете, грубо тресење во релаксаторот и во раце, тегнење на ушите и други облици на грубо однесување, соопшти МВР.

Од страна на татакото поднесен е Записник за прием на пријава и е доставена мемориска картичка на која е снимен видео материјал која со Потврда за привремено одземени предмети е одземена и дадена за вештачење во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР за што е изготвен извештај за компјутерска опрема.

На 9 септември извршен е разговор со Т.С. во кој таа го негирала извршувањето на кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена