Кривична пријава против скопјанец за лажно пријавување за бомба во „Сити мол“

Од:

Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, појаснуваат од МВР, на 29 месецов во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“.

Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава.

Во просториите на Полициската станица Кисела Вода, истиот ден полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

Би можело да ве интересира

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес

Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Катерина Ѓуровски