Kривична пријава против скопјанец за „изработка и употреба на лажна платежна картичка”

Од:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 28-годишниот М.С. од Скопје, поради постеоње основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б од Кривичниот законик, извести МВР.

– Имено, пријавениот во текот на март 2022 година, откако претходно ги обезбедил банкарските податоци од платежна картичка на неговата поранешна сопруга, прибавените податоци ги употребил за вршење на 11 трансакции на интернет продажни места, во вкупен износ од 13.684 денари, од кои 7 успешни, а 4 неуспешни, со што остварил противправна имотна корист во висина од 9.095 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари