Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 45-годишниот А.Б. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување”, извести МВР.

– Пријавениот, како физичко лице – даночен обврзник, во текот на 2021 година преку брз трансфер на пари во повеќе наврати примил парични средства во девизи во вкупен износ во денарска противредност од 1.579.834 денари. Меѓутоа, реализираните приходи тој не ги пријавил и не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи со што избегнал плаќање на данок на личен доход во вкупен износ од 157.983 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, со што го оштетил буџетот на Република Северна Македонија за истиот износ, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме