Кривична пријава против скопјанец за даночно затајување

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 55-годишниот Д.С. од Скопје поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“, извести МВР.

– Пријавениот, во текот на 2019 година, за реализираните приливи на денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 2.363.229 денари не ги пријавил како друг доход, не поднел задолжителна годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи и не платил данок на личен доход од 236.229 денари согласно Законот за персонален данок на доход и одредбите од Законот за даночна постапка, соопшти МВР.

На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен паричен износ од 236.229 денари.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари