Кривична пријава против скопјанец поради загрозување на животната средина и природата со отпад

Од:

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 26-годишниот Е.М. од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, предвидено и казниво по чл.230 ст.3 од Кривичниот законик, информира МВР.

– Пријавениот, во текот на 2022 година во Скопје, на подрачјето на Општина Гази Баба, вршел откуп на старо железо, метални производи и слични предмети на импровизирано откупно место – отпад за откуп на секундарни суровини, без означена фирма, соопшти МВР.

Притоа, Е.М. немал основано правно лице и не поседувал соодветна дозвола за вршење на дејност – трговија со неопасен отпад, согласно чл.32 ст.1 од Законот за управување со отпад.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи