Кривична пријава против Миленко Неделковски за коментари со кои ја загрозил сигурноста на Заев

Од:

Од министерството за внатрешни работи соопштија дека ќе поднесат кривична пријава против Миленко Неделковски поради коментар на социјалната мрежа Фејсбук, со која ја загрозил сигурноста на премиерот Заев.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против М.Н. (61) од Скопје, поради објава на коментар на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на Претседателот на Владата на Република Македонија, односно поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ и по чл.394-г „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ од Кривичниот законик на Република Македонија.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во соработка со СВР Велес, му достави покана за службен разговор на лицето М.Н. (61) од Скопје, а по издадена наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на 22.10.2018 година извршен е претрес на дом и други простории кај лицето М.Н. при што се пронајдени и одземени предмети во интерес на истрагата.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]“ се вели во соопштението на МВР.

Претходно денеска, Неделковски на неговиот профил на „Фејсбук“ објави дека на врата му дошла полицијата за да го уапси без да му биде кажано за што станува збор. Јавноста статусот на Неделковски го поврза со неговиот коментар за пожарите во Грција, за што против новинарот неделава беше покренато обвинение од страна на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Груби: Ќе има Албанец премиер, договорија Ахмети и Заев, потврди и Ковачевски

Катерина Павлова-Николовска

Ковачевски не се плаши од „пеколен план“, за кој се пишуваше дека го подготвува Заев

Кристијан Ландов

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

Одбраната на Рашковски тврди: Зоран Заев потврдил дека набавката е законска, а софтверот за потребите на Владата

Орце Костов

Пет години откако Заев и Борисов се изгушкаа по потпишувањето на Договорот за добрососедство

Орце Костов

Заев додели плакети на пратениците од првиот состав на Собранието

А1он