Кривична пријава поради узурпација на црковен имот во Центар Жупа

Од:

Полицијата поднесе кривична пријава против директорот на Агенцијата за радијациона сигурност од Скопје, поради постоење основа на сомнение дека е сторител на казнено дело „узурпација на недвижност“.

Според соопштението од СВР – Охрид, лицето Н.Ш. (57) од селото Голем Папрадник во Центар Жупа, во текот на 2008 година узурпирал 67 метри квадратни имот од катастарска парцела бр.1054 за КО Голем Папрадник – Центар Жупа, инаку вакафско земјиште, сопственост на Македонската православна црква.

Пријавениот во имотот на црквата „Св. Петка“ изградил бетонски ограден ѕид и црковниот имот го припоил кон сопствената катастарска парцела бр.1058 за КО Голем Папрадник. На тој начин пријавениот Н.Ш. противправно се стекнал со недвижен имот во површина од 67 метри квадратни.

Истовремено се стекнал и со противправна имотна финансиска корист од 36.780 денари што како кирија за узурпираниот имот требало да ги плаќа од 2009 година врз основа на склучена вонсусдка спогодба. Според договорот, пријавениот од 2009 година требало да плаќа по сто евра годишно како кирија за узурпираниот имот. Бидејќи не се придржувал кон вонсудската спогодба односно киријата не ја плаќал, пријавениот Н.Ш. и по тој основ ја оштетил МПЦ – ОА за 36.780 денари.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!