• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Кривичен суд: Во досудената казна затвор на Миле Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор

by А1он10/07/2023 - 13:11559
Share0

Во пресудата врз основа на признание на вина на обвинетиот Миле Јанакиески за предметот „Титаник“, како и во решението од Апелација со кое се потврдува првостепената пресуда и во наредбата за спровод во досудената казна затвор се засметува и времето поминато во притвор и во куќен притвор за конкретниот предмет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Добивај вести на вибер

– Во донесената пресуда врз основа на признание на вина со КОК. бр. 7/18 како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор СЕ ЗАСМЕТУВА времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци. Што значи дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет, а согласно и со Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486): Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)…. ….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна, се вели во соопштението од Кривичен суд.

Што се однесува до барањето за Вонредно преиспитување на пресудата, истото, како што посочуваат од Основниот кривичен суд Скопје, по истекот на сите Законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои Второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето.

mile janakieskititanik

Би можело да ве интересира

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он22/12/2025 - 15:27

(ВИДЕО) СДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески?

Горан Наумовски17/12/2025 - 16:0117/12/2025 - 18:33

Миле Јанакиески излегува од затвор

Горан Наумовски17/06/2024 - 10:32

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Предраг Петровиќ26/01/2024 - 16:02

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Катерина Ѓуровски28/11/2023 - 10:23

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески16/11/2023 - 13:0316/11/2023 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен