Кривичен суд: Условите не се совршени, но ги обезбедуваат основните услови предвидени со Законот

Од:

Ги разбираме реакциите на одбраната поврзани со условите во кои работи судот. Но условите се тие, не се совршени, но, ги обезбедуваат основните услови за работа предвидени со Законот, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје, во однос на изјавите на бранителите од предметот за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

– Во таа смисла не го оправдуваме напуштањето на судницата од страна на бранителите. Но, во интерес на обвинетите кои побараа нивните адвокати да бидат присутни на расправата на која ќе се сослушува загорзениот сведок, судечкиот совет одлучи да им излезе во пресрет на обвинетите и расправата ја одложи за утре. Како не би дошло до ново одолговлекување на постапката судот дополнително обезбеди и бранители по службена должност кои исто така ќе присуствуваат на расправата, се вели во соопштението од Судот.

Посочуваат дека се работи за притворски предмет и судот е должен да ги почитува правата на обвинетите за судење во разумен рок, за што судењето од новата зграда, каде заради технички проблеми не можеше да се одржи сведочењето на загрозениот сведик, беше преместено во старата зграда се со цел да се продолжи со работа.

– По излегување на одбраната од судницата, еден од обвинетите се извини на судот за однесувањето на бранителите и напомена дека обвинетите не се со ништо виновни за ваквиот однос на адвокатите и не се согласува со истото. Воедно истакна дека судот досега во текот на постапката се однесувал коректно и нема забелешка на начинот на работа. Во таа смисла ги повикуваме бранителите да дадат придонес за расправата да продолжи во најдобар ред и истите да се сконцентрираат на излагање на одбраната, а не на условите за работа, да не вршат опструкции на судењето и своеволно да го напуштаат и да ги оставаат обвинетите без соодветна одбрана, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“

Мерки за претпазливост против 10 лица поврзани со акцијата во КПУ Затвор „Скопје“

Горан Наумовски

20-годишен скопјанец со сатар и два ножа сакал да влезе во Кривичен суд

Кривичен: Јованов сторил сообраќајка за која во согласност на Јавен обвинител платил казна

Горан Наумовски