Кривичен суд: „Таргет-Тврдина” беше приоритетен предмет пред случајот „Шпански скали”

Од:

Враќањето на почеток на судењето за случајот „Шпански скали”, односно протокот од 90 дена од последното одржано рочиште за овој предмет се надоврзува со одлуката на колегиумот на судии на Кривичен суд Скопје, да се даде приоритет на расправата на предметот во јавноста познат како „Таргет –Тврдина“ каде судијата Владимир Туфегџиќ постапува како член на совет.

– Со ваквата организациска поставеност и реализираниот интензитет на расправи, за краток период е завршена доказната постапка во предметот „Таргет-тврдина“ и насоречни се завршните зборови, а притоа доследно се испочитувани правата за судење во разумен рок на странките во двете постапки. Во тој правец, приоритет на насрочување во иднина ќе се даде на предметот „Шпански скали“. Воедно, на денешната расправа судот, со цел фер и правично судење како и непречен тек на постапката, ги обезбеди сите докази на Јавниот обвинител во електронска форма и заедно со образложението за истите им ги достави на странките, соопштија од судот.

Воедно, оттаму информираа дека покрај технички услови за аудио и видео снимање на расправата, на денешното судење заради целисходност на постапката, на странките им обезбеди користење на лап – топ компјутери заради поголема прегледност при изведување и презентација на доказите на јавниот обвинител. Следната расправа за случајот „Шпански скали” e закажано да се одржи на 23 февруари.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Кривичен суд Џолев избран за судија во Апелација

Катерина Ѓуровски

Кривичниот суд одреди домашен притвор за Нино Васев и Нехат Нухи двајцата обвинети во аферата „Онкологија“,

Горан Наумовски

Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“

А1он

Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“