Кривичен суд: Судските служби прават обиди за доставата на решението до Груевски

Од:

Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата.

Доколку доставата не се комплетира, како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, судијата за извршување санкции може да преземе дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции.

Од Основниот суд Скопје 1 информираат дека од КПУ Затвор Скопје – Скопје до Судот денеска било доставено известување дека обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, се уште не се јавил на издржување на правосилно потврдената казна.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

Би можело да ве интересира

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Случај Јилдиз Веапоска: Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој и ги извади органите

Горан Наумовски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Полицијата го чува Саркози во затвор