Кривичен суд: Судот не ја одолговлекува постапката за „Пуч“

Од:

Основниот суд Скопје 1-Скопје во денешното соопштение во врска со случајот „Пуч“ наведува дека Судот ниту одолговлекува, ниту избегнува, ниту бега да ја утврди правдата и дека основна уставна и законска обврска на Судот е токму извршувањето на таа функција, а причините за досегашно одлагање на оваа постапка, како што се додава, се познати на јавноста.

– Нејасна и тенденциозна е изјавата во јавноста дека Судот е тој што ја опструира работата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), при што јавно се прозива Кривичниот суд како законски единствен стварно и месно надлежен суд дека не поседува сертификат за пристап до класифицирани информации наспроти странките, со што јавно се девалвира и навредува улогата и позицијата на Судот и судиите во постапката, а со политички говор се издигнува улогата на СЈО, се истакнува во соопштението од Кривичниот суд.

Појаснуваат дека во конкретната ситуација не е спорно дали некој има или нема сертификат да врши увид и да работи со списите на предметот во кој има класифицирани информации и оти ова за Судот е расчистено прашање.

На СЈО, како што е посочено, му е дозволен непречен увид во секое време во сите списи на предметот.

– Замената на тезите дека некој има сертификат или нема не содејствува со барањата на СЈО, Судот не може спротивно и со повреди на Законот за класифицирани информации да се претвори во фотокопирница и копира класифицирани списи и докази, за што нема такво овластување, а кое нешто го појаснивме во нашето вчерашно соопштение, стои во соопштението.

Од Кривичниот суд ги повикуваат обвинетите лица да не ја злоупотребуваат постапката за политички говори како директен напад и непочитување на институцијата суд и на овој начин да вршат притисок врз работењето на судот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио