А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кривичен суд се уште не побарал асистенција од МВР за приведување на Груевски

by А1он12/11/2018 - 16:1712/11/2018 - 17:40296
Share0

Поранешниот премиер, Никола Груевски, го обезбедуваат шестмина припадници на Шестата управа, но засега не знае каде е и се уште не е му е врачена одлуката на Советот на Кривичниот суд за одбивање на неговата жалба на отслужување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Согласно Законот за дополнување на Законот за Влада и Уредбата за личностите и објектите, што се обезбедуваат, видовите на мерки и степените на обезбедување, Одделот за заштита на определни личности и објекти со вкупно шест полициски службеници презема мерки и активности за физичко обезбедување на Никола Груевски, како поранешен премиер.

Сепак, како што појаснија правни експерти, шестмината полициски службеници не се 24-часовно ангажирани за неговото обезбедување, односни работните задачи ги извршуваат во зависност од потребите на личноста.

Согласно Законот поранешен премиер правото што произлегува од членот 14 а може да го остварува во период ист со времетраењето на извршувањето на функцијата претседател на Владата и почнува да го остварува од денот на престанување на функцијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Никола Груевски премиерската функција ја извршуваше од 26 август 2006 се до 18 јануари 2016 година, значи тој десет години има право на обезбедување.

Откако во петокот беа направени три обиди од судски курири да му ја врачат одлуката, обиди се прават и денесска.

-Судските служби во текот на денешниот ден прават нови обиди да го достават решението на Кривичниот совет, со кое се одбива жалбата против решението на судија за извршување санкции за одложување на двегодишната затворска казна за Никола Груевски, со што би се комплетирала доставата. Доколку доставата не се комплетира, како што е наведено во соопштението од Кривичниот суд, судијата за извршување санкции може да презме дополнителни мерки согласно Законот за извршување санкции, се наведува во соопшението на Кривичен.

Обиди да се пронајде ќе се прават до завршување на денешниот ден, а потоа се отвора можноста за активирање на полицијата.

Судот има право, ако оцени дека бега, се крие, одбегнува, да превземе мерки преку полицијата, како присилно приведување, а ако и тоа не е можно ќе се распише потерница по него.

Поранешниот премиер нема пасош, а исто така е под мерки на претпазливот, поради судските процеси кои се водат против него. Пасошот му е одземен на 3 јули 2017 година со одлука на Кривичен, а на барање на СЈО за случајот Титаник, за кој ново рочиште е закажани за в среда. Мерката претпазливот ја потврди и Апелацискиот суд на 23 јули и тој еднаш месечно треба да се јавува во Кривичен суд.

Екс премиерот се јавува како осомничен во неколку случаи отворени од СЈО, Насилство во Центар, Титаник, Траекторија, и Талир. За случајот „Тенк“ веќе е осуден на двегодишна затворска казна, а Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции, со кое треба да се јави во затворот во Шутка за издржување на казната.

Според пресудата тој е виновен за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за „примање награда за извршување противзаконито влијание“. Во овој случај тој е обвинет дека како премиер побарал од екс министерката Гордана Јанкуловска спроведување на незаконска јавна набавка за ново блиндирано возило, кое било набавено затоа што Груевски сакал да се вози со такво возило, но не саклал јавноста да знае за тоа“.

Тој до моментов, како што веќе потврди директорот на затворот во Шутка, Ѓоко Котевски, се нема пријавено таму. Котевски посочи дека од затворот изутрината го известиле Кривичен дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.

gruevskikrivicen sudsudzatvor

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

Признание за случајот „ИПАРД“: Обвинета призна дека земала мито, судењето продолжува за поранешни функционери

Горан Наумовски30/04/2026 - 17:1330/04/2026 - 17:20

Кривична за двајца службеници од Кривичниот суд, едниот е во затвор, другиот во домашен притвор

Горан Наумовски24/04/2026 - 11:5724/04/2026 - 12:00

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто