Кривичен одлучи: Се одобрува обвинението за аферата „Онкологија“

Од:

Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „Онкологија“, поднесен 22.5.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува, извести Кривичниот суд. Со оваа одлука на обвинителна клупа ќе седнат поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Нехат Нухи, како и неколку онколози.

„По вака одобрениот обвинителен акт формиран е кривично – правен предмет со К.бр. 1069/25 кој согласно АКМИС системот ќе биде распределен ан понатамошно постапување кај судија, а што биде насрочен термин за главна расправа“, се вели во известувањето.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и предметната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска на заедничка прес – конференција на 22 мај годинава информираа дека предметот „Онкологија“ е завршен и поднесени се две обвиненија до Основниот кривичен суд Скопје.

Како што соопшти предметната јавна обвинителка, предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

Би можело да ве интересира

Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

Кривичен суд ги повикува медиумите да избегнуваат сензационализам за случајот со Ивана и Катја

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето