Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Од:

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство и донесе одлука со која мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ., инволвиран во нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се заменува со мерка притвор.

Како што соопштуваат од Кривичен суд, одлуката следува откако судот оцени дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност за повторување на делото, согласно член 470 став 1 точки 1 и 2 од Законот за кривична постапка. Оттаму наведуваат дека осомничениот е веќе спроведен во Затворот Скопје.

Инцидентот се случи на 11 јули 2025 година, кога градоначалничката Арсовска, заедно со градски службеници, извршувала увид на нелегален објект во изградба на улицата „Севастополска“ во Чаир.

Првоосомничениот С.Љ., кој се претставил како сопственик на објектот, започнал со навреди и закани, а потоа и физички ја нападнал градоначалничката. Во моментот кога реагирале присутните службеници и полицијата, второосомниченото лице продолжило со вербални закани. Според обвинителството, со своите дејствија двајцата осомничени предизвикале чувство на страв и несигурност кај присутните.

Обвинителството покрена постапка против двете лица за кривично дело Насилство по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За првоосомничениот беше побарана мерка притвор, а за вториот осомничен – мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за приближување до оштетените,
забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патна исправа и редовно јавување во суд.

Би можело да ве интересира

Детали за нападот врз резиденцијата на Џ.Д. Венс: Тајните агенти слушнаa бучава, а потоа и тресок

(ВИДЕО) Уапсен е монструмот што избоде баба пред 3 годишниот внук – пред 2 месеци излезе од затвор

А1он

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Затворски притвор само за седум осомничени во милионската измама во ЕСМ „Дистрибуција“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нападнат е фудбалерот Вујадин Савиќ